Top Sport

И Гарланд доби супермакс договор

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Дариус Гарланд го потпиша најголемиот договор во историјата на франшизата од Охајо.

„Ол-стар“ кошаркарот се согласи руки договорот да го продолжи на максимални пет години. Гарланд ќе заработи 193.000.000, а таа бројка може да порасне на цели 231.000.000 долари.

Гарланд доаѓа од сезона во која се етаблира како еден од најдобрите кошаркари во лигата. Тој имаше просек од 21,7 поени со 8,6 асистенции.

Тој ќе може да дојде до договор за супермакс доколку биде избран во една од трите идеални петорки на НБА во наредниот период.

Гарланд во 2019 година беше петти пик на драфтот.

Scroll to Top