Top Sport

Маријано со два гола ги крена Реал против Вилјареал (видео)

Маријано Диаз постигна два гола за да помогне Реал Мадрид да стигне до 3:2 победа над Вилјареал и да осигура „жолтата подморница“ уште да го нема обезбедно опстанокот во Ла лига.

Во финишот на сезоната, Мадрид нема некои големи цели, откако се „заковани“ на третото место без шанси да го загубат, така што тренерот Зинедин Зидан има шанса да го планира составот за следната сезона. Мечот на полупразниот „Сантијаго Бернабеу“ почна со посвета за нивниот поранешен капитен Икер Касилјас, кој имаше срцев удар пред четири дена на тренинг на неговиот сегашен тим, Порто.

Маријано донесе водство за Реал по само 84 секунди во неговата најверојатно последна сезона во Мадрид, но Вилјареал израмни во 11. минута преку Морено, пред Хезус Валехо да ја врати предноста во 40-тата минута. Маријано во 49. минута го потврди триумфот на „кралскиот клуб“, пред Хауме Коста во 94. минута да ги постави конечните 3:2.

Вилјареал се на 15. место во Ла лига со 40 поени, колку што имаат и Селта и Леванте и два повеќе од Џирона на 17. место, додека од зоната за испаѓање ги делат 5 поени (таму е Валјадолид) на две кола со максимални шест поени за освојување.

Scroll to Top