Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Марио Илиевски, потпиша тригодишен договор со унгарскиот прволигаш Кишварда. Напаѓачот кој настапуваше за Септември Софија, минатата сезона постигна 19 гола и имаше шест асистенции на 36 натпревари со што го привлече вниманието на клубовите од регионот.
Кишварда минатата сезона ја заврши како вицепрвак во Унгарија, веднаш зад Ференцварош со 59 бода од 33 меча.
Марио Илиевски во Кишварда ќе му се придружи на Јасир Асани, крилниот напаѓач кој своевремено играше за Вардар, а сега се очекува промена на неговиот „спортски пасош“ за повторно да има право за настап за Македонија.