Top Sport

Ник Кирјос во полуфиналето на Вимблдон

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се избори за полуфинале на Вимблдон откако славеше против Кристиан Гарин со 3-0 во сетови. Тој сега го чека подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Тејлор Фриц како следен ривал.

Кирјос на почетокот на мечот загуби сервис, но, сепак, го доби првиот сет со 6-4. Потоа беше полесно, го доби вториот со 6-3.

Гарин силен отпор даде во третиот сет во кој се играше тај-брејк, откако двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис. Кирјос на крајот славеше со 7-5 на поени и го комплетираше мечот.

Scroll to Top