Top Sport

Марјан Радески потпиша за Струга ТЛ

Есенскиот шампион во македонскиот шампионат, тимот на Струга Трим Лум, доведе уште едно големо засилување за вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.

Поранешниот репрезентативец Марјан Радески, кој во минатото беше член на Шкупи, Шкендија и на Академија Пандев, дојде во тимот на Срѓан Захариевски и ќе го засили во битката за шампионската титула.

Радески во првиот дел од сезоната беше член на ерменскиот клуб Пјуник, но немаше голема минутажа. Поради тоа реши да се врати во Првата фудбалска лига на Македонија.

Тој одлучи да ја прифати понудата на раководството на Струга ТЛ.

Scroll to Top