„Марка“ пишува дека Лионел Меси е осамен и тажен по тешката повреда со која се здоби неговиот најдобар пријател во Барселона, Луис Суарез.
Аргентинецот има одлична соработка на теренот со уругвајскиот напаѓач. Меси и Суарез се заслужи за 70 отсто од головите што ги постигнала Барселона од 2014 година кога Суарез пристигна на „Ноу Камп“.
Меси оваа сезона нема аситенција за Ансу фати, Карлес Перез или Усман Дембеле. Аргентинецот два пати му асистирал на Антоан Гризман, а четири пати по неговите додавања гол постигнал Суарез.
Според „Марка“ проблемите се поголеми од оние што ги има Барселона на теренот. Меси и Суарез се соседи, заедно доаѓаат на тренинзите и натпреварите. Покрај тоа, нивните семејства интензивно се дружат.
„Поради тоа четири месечното отсуство на Суарез е страшен удар за Меси“, се наведува во текстот.
„Марка“ поради оваа ситуација потсети на една изјава на Пеп Гвардиола од пред осум години.
„Да се надеваме дека на Лео нема да му биде здодевно и дека клубот секогаш ќе му носи адекватни соиграчи“, рекол Гвардиола.