Top Sport

Балканците растураат во НБА лигата (Видео)

Блескава вечер на паркетите во НБА лигата има тројца играчи од Балканот: Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Бојан Богдановиќ.

Далас Маверикс ги декласираа Голден стејт Вориорс 142:94. Дончиќ за 25 минути и 30 секунди забележа трипл-дал од 35 поени, 10 скока и 11 асистенции. Тој е играч што најбргу забележал трипл-дабл со преку 30 поени во историјата на лигата.

Денвер Нагетс во дербито на Западот забележаа победа 105:95 над Хјустон Рокетс. До победата ги предводеше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скока и четири асистенции за 32 минути игра.

Деневер ја прекинаа серијата од осум победи во која беа Хјустон и ја прекинаа серијата од 21 натпревар на кој Рокетс постигнувале најмалку 100 поени.

Бојан Богдановиќ беше најефикасен на натпреварот помеѓу Јута Џез и Минесота Тимбервулвс. Хрватскиот репрезентативец ја предводеше Јута со 30 поени, четири скока и три асистенции до победата 103:95.

Scroll to Top