Top Sport

Марка: Паразитот од Велс цица крв и пари

Герет Бејл, уште еднаш го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид. Бјел, поради повреда го пропушти натпреварот против Барселона, а неколку денa подоцна се појави на подготoвките на репрезентацијата.

Кога е во клубот тој е повреден, а за репрезентацијата секогаш е во состојба да игра. „Марка“ во својот текст го нарече Бејл „паразит од Велс“’, бидејќи според нив со години се однесува неодговорно кон клубот, сезонава одиграл само пет натпревари.

„Паразитот Бејл доаѓа од дождливата и студена Британија. Се насели во Шпанија, во Реал Мадрид. Најпрвин глумеше дека го сака својот клуб, но потоа според својата природа, започна да цица крв. Тој паразит не цица само крв, тој цица и клупски пари“, пишува „Марка“ во свoјот текст.

Бејл имал подготвен одговор за критиките кои се упатени на негова сметка.

„Не ме интересира што пишуваат за мене шпанските медиуми. Тоа би било губење на време. Не ги читам. Би можел да кажам уште многу работи, но најдобро е да молчам“, рекол Бејл на прес конференцијата пред натпреварот на Велс со Австрија, во баражот за пласман на СП во Катар.

Scroll to Top