Шпанските медиуми последните денови шпекулираат што ќе биде со Зинедин Зидан. Наводно, тренерот на Реал Мадрид, по завршувањето на сезоната по втор пат во кариерата ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
„Марка“, медиуми кој секогаш е добро упатен со се она што се случува во „кралскиот клуб“, тврди дека Зидан „физички и психички е скршен“ и дека претседателот Флорентино Перез има човек кој веднаш ќе го заземе неговото место.
Медиумите во Шпанија и претходно пишуваа дека доколку Зидан го напушти клубот, на неговото место ќе дојде клупската легенда, Раул Гонзалес Бланко.
Поранешниот напаѓач е тренер на Кастиља, филијалата на Реал. Со овој тим тој е на добар пат во пауза од девет години да избори пласман во Сегунда (Втора шпанска лига).
Раул во јануари имаше понуда од својот поранешен клуб Шалке, а изминатиот период се поврзуваше и со Анјтрахт од Франкфурт. Според „марка“, тој ги одбил побудите од Германија за да седне на клупата на Реал.