Top Sport

Маркињос ќе потпише нов договор со ПСЖ

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Маркињос ќе го продолжи договорот. „Лекип“, пренесува дека бразилскиот репрезентативец ќе ја продолжи верноста кон клубот до 2027 година.

Маркињос е во ПСЖ од 2013 година, кога дојде од Рома. Централниот дефанзивец веќе 10 сезони го носи дресот на парижаните и е прв капитен на тимот.

Претседателот на францускиот гигант, Насер Ал-Келаифи се надева дека Маркињос кариерата ќе ја заврши на „Паркот на принцовите“.

Во тековната сезона, Маркињос, одигра 21 натпревар и постигна два гола во Лига 1.

Scroll to Top