Top Sport

Милан 49 години не билe во толку лоша серија

Милан, синоќа дефинитивно ги загуби сите шанси за одбрана на шампионската титула. Во градското дерби Интер со голот на Лаутаро Мартинез го победи Милан. Поразот во дербиот е четврти во низа за Милан во Серија А. Милан немаат победа од 4. јануари кога ја победија Салернитана. Оттогаш забележаа пет порази и два пати одиграа нерешено.

Италијанската јавност ја дочека оваа серија на Милан лавина критики, од кои повеќето беа упатени до тренерот Стефано Пиоли.

Навивачите, но и медиумите сметаат дека Пиоли погрешил со изборот на тимот против Интер во формација 3-5-2 и без најдобриот играч, Рафаел Леао.

Последните шест натпревари најдобро покажуваат во каква форма се наоѓаат избраниците на Пиоли. Во нив Милан секогаш прв примаше гол.

Последен пат ваква лоша серија италијанскиот великан иамл во периодот март-април 1974 година, под водство на легендарниот Чезаре Малдини.

Во следното коло Милан ќе му гостува на Торино.

Scroll to Top