Top Sport

Марко Асенсио со емотивно видео се збогува од Реал Мадрид

Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио официјално потврди дека го напушта Реал Мадрид. По седум години на „Сантијаго Бернабеу“, тој си заминува како слободен играч.

Асенсио со емотивно видео се збогува и се заблагодари за сите убави моменти во клубот.

Шпанецот дојде во Реал Мадрид на свои 20 години, а освои дури 17 трофеи.

Најавите велат дека тој ќе се пресели во Пари Сен Жермен како слободен агент.

Scroll to Top