Top Sport

Марко Асенсио во Ливерпул?

Марко Асенсио, крилниот напаѓач на Реал Мадрид е подготвен да го напушти клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Асенсио, минатата сезона не успеа да се избори за место во стартната постава кај Карло Анчелоти. Најчесто влегуваше на теренот како резерва. Неговиот статус нема да се смени доколку остане во реал, поради што тој е подготвен да го напушти клубот.

Според медиумите тој сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул, дури бил подготвен да прифати помала плата.

Реал бараше 50 милиони евра за него, но Каталонски „Спорт“, пренесува дека сега може да се согласи на сума од 30 милиони евра. Асенсио, 26-годишниот шпански напаѓач, во Реал е од 2015 година.

Scroll to Top