Top Sport

„Луѓе не верувајте во се што ќе прочитате“

Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Вимблдон. За нешто повеќе од четири часа игра тој ги победи Тејлор Фриц и повредата. Шпанецот славеше во пет сета, откако губеше со 1:0 и 2:1 по сетови.

Фабио Фоњини, некогашниот деветти играч во светот, кој сега се наоѓа на 60. позиција на АТП листата, по мечот ги коментираше медиумските написи дека Надал морал да трпи голема болки во стомачните мускули но дека успеал да победи.

„Да, сигурно… Луѓе, престанете да верувате во се што ќе прочитате“, напиша 35-годишниот Фоњини на социјалните мрежи коментирајќи ја ситуацијата.

Надал исто така имаше големи проблеми со повреда на стапалото за време на неговиот налет на 14. Ролан Гарос во кариерата пред помалку од еден месец. По освојувањето на титулата, медиумите можеа да снимат како Шпанецот куца, а во некои ситуации дури и оди со патерици.

Ривал на Надал во полуфиналето ќе му биде Ник Кирјосс, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.

Scroll to Top