Top Sport

Марко Ројс ќе остане во Борусија Дортмунд и следната сезона

Раководството на Борусија Дортмунд му понуди нов едногодишен договор на капитенот Марко Ројс. 33-годишниот напаѓач ќе прифати намалување на сегашната плата која изнесува 12 милиони евра и следната сезона ќе заработува 7 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Капитенот на Борусија Дортмунд јавно истакна дека би сакал да остане во клубот до крајот на кариерата, а раководството на „милионерите“ верува дека ќе ја исполни неговата желба.

Марко Ројс има осум гола и седум асистенции на 24 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд во сите натпреварувања оваа сезона.

Scroll to Top