Top Sport

Марко Розе од една Борусија во друга – на лето пристигнува во Дортмунд

Марко Розе ќе биде нов тренер на Борусија Дортмунд ова лето, откако Борусија Менхенгладбах потврдија дека тој ќе си замине на крајот на сезоната.

44-годишниот талентиран Германец ја презеде Борусија од Менхенгладбах во 2019 година и имаше фантастичен прогрес со тимот, вклучувајќи пласман во осминафиналето на Лигата на шѓампионите

Тој ќе го замени привремениот тренер Един Терзиќ на „Сигнал Идуна парк“ откако претходно доби отказ Швајцарецот Лусиен Фавр.

Менхенгладбах во моментов се седми во Бундеслигата, 15 поени зад Баерн Минхен, но на само три поени од место кое води во Лигата на шампионите. Тие ќе ги пречекаат Манчестер сити на 24 февруари во осминафиналето на ЛШ.

Scroll to Top