Марко Верати денеска и официјално ја продолжи соработката со шампионот на Франција. ПСЖ и официјално го потврди договорот со италијанскиот играч за врска, кој е продолжен до 2026 година.
Неговиот претходен договор истекуваше на крајот на јуни 2024 година, според кој заработуваше околу 14 милиони евра годишно.
30-годишниот фудбалер е во Париз од 2012 година, кога Французите го купија за 12 милиони евра од Пескара.
Несомнено е дека играчот за врска ќе остане запаметен како клупска легенда во главниот град на Франција на крајот од неговиот нов договор.
🆕🔴🔵
Le Paris Saint-Germain est heureux d’annoncer la prolongation de contrat de Marco Verratti pour deux saisons supplémentaires. L’international italien est désormais lié avec le club de la capitale jusqu’au 30 juin 2026.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 28, 2022