Top Sport

Мароканка е првата фудбалерка која носеше хиџаб на меч од СП

Фудбалерките на Мароко ја победија Јужна Кореја со 1:0 во второто коло од групата Х на Светското првенство кое се одржува во Австралија. Натпреварот ќе влезе во историјата поради мароканската репрезентативка Нухаила Бензина (25), првата фудбалерка која носела хиџаб, односно шал со кој жените од исламска вероисповед ја покриваат косата, на натпревар од Светското првенство.

ФИФА претходно имаше забрана за носење хиџаб на теренот поради здравствени и безбедносни грижи, но тоа се промени во 2014 година пред Светското првенство за играчи до 17 години во Јордан.

Бензинa остана на клупата во поразот од Германија (0:6), додека против селекцијата на Јужна Кореја го одигра целиот натпревар во бековската линија. Победничкиот гол на Мароко го постигна Ибтисам Џраиди во шестата минута.

Scroll to Top