Top Sport

Марокански фудбалер навредил политичарка: Во мојата куќа жените не зборуваат така

Фудбалерот на Тулуз, Закарија Абухлал предизвика скандал во Франција откако сексистички ја навреди локалната политичарка Лоренс Арибаж. Како што пишува „Лекип“, мароканскиот играч за врска на Тулуз за време на прославата на освојувањето на Купот на Франција имал вербална расправија со советничката за спорт во градската управа на Тулуз.

Имено, инцидентот се случил додека тренерот на Тулуз, Филип Монтани држел говор на приемот во градското собрание. Неколку играчи биле премногу гласни, па Арибаж ги замолила да молчат. Тоа не му се допаднало на Абухлал, па ѝ рекол: „Во мојата куќа жените не зборуваат така со мажите“.

Тулуз го суспендираше својот играч поради овој сексистички испад.

„Поради сериозните обвинувања против фудбалерот на Тулуз, Закарие Абухлал, клубот соопштува дека играчот ќе тренира одвоено од тимот, додека не ги добиеме резултатите од внатрешната истрага“, соопштија од клубот.

Абухлал е марокански репрезентативец, а најпознат е по тоа што одби да игра за Тулуз против Нант на денот на борбата против хомофобијата.

„Верувам дека не сум најсоодветната личност за учество во таа кампања“, објави тогаш фудбалерот на „Твитер“.

Scroll to Top