Мароко и Тунис се третата и четвртата африканска репрезентација која се пласира на Мундијалот во Катар, додека Камерун во луд натпревар по продолженија го изненадија Алжир.
Мароко со убедливи 4:1 ги совладаа ДР Конго по гостинските 1:1 за сигурен пласман, додека Тунис одиграа само 0:0 со Мали, но им беше доволна гостинската 1:0 победа за пласман на СП.
Ерик Максим Чупо-Мотинг, пак, беше стрелец за Камерун да дојде до 0:1 предност на гостувањето кај Алжир, со што ја поништија предноста на домаќините од првиот меч. Изледаше дека домаќините го обезбедија пласманот со голот во 118. минута на Туба, пред Карл Токо Екамби да даде гол во 124. минута за неверојатен финиш.
АФРИКАНСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП, РЕВАНШИ
Алжир – Камерун 0:1, 1:2 по продолженија, прв меч 1:0, вкупно 2:3
Мароко – ДР Конго 4:1, прв меч 1:1, вкупно 5:2
Тунис – Мали 0:0, прв меч 1:0, вкупно 1:0
Нигерија – Гана 1:1, прв меч 0:0, вкупно 1:1, Гана оди на СП поради гол-на-гости
Сенегал – Египет 1:0, прв меч 0:1, вкупно 1:1, 3:1 пенали
Реприза за „фараоните“ – Сенегал (со мала помош од ласери) го доби пенал-рулетот со Египет