Мароканската фудбалска федерација поднесе официјална жалба до ФИФА за мексиканскиот судија, Цезар Рамос, обвинувајќи го дека при 2:0 поразот од Франција во полуфиналето на СП ги оштетил со тоа што не досудил два пенали за нивната репрезентација.
„Кралската мароканска фудбалска федерација силно протестира за судењето на мечот со Франција, предводен од глвниот судија Цезар Рамос. Ние ќе продолжиме да ги штитиме правата на нашиот тим, да бараме ферплеј и да бараме одговор за неправдите кон мароканската репрезентација во полуфиналето на СП во Катар“, се вели во објавата на федерацијата на африканската репрезентација.
Посебен инцидент кој го посочи федерацијата беше фаулот на Тео Ернандез над Софијан Буфал, по што наместо да добијат пенал, Мароканците дури беа казнети со жолт картон за Буфал.
Неправда кон „малите“? Како Буфал наместо пенал доби жолт картон?