Фудбалерите на Интер на домашен терен го победија Порто со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Решавачкиот гол го постигна напаѓачот Ромелу Лукаку кој натпревар почна од клупата за резерви.
Пред почетокот на натпреварот, директорот на Интер, Бепе Марота, се осврна на одлуката Лукаку да го започне натпреварот како замена.
„Зошто Лукаку е на клупата? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен. Играчот во стартниот состав мора да биде 100% подготвен. Тој не е и го чекаме да се врати во форма. Покрај тоа, имаше напорна сезона во која играше и на Светското првенство. Од неговото враќање не му го даде на Интер тоа што може да му го даде, но убедени сме дека ќе биде важен за нас до крајот од сезоната“, изјави директорот на Интер.
Покрај за Челси и Интер, Лукаку во кариерата играше и за Андерлехт, Вест Бромвич, Евертон и за Манчестер Јунајтед.