Top Sport

Марота од јануари во Интер

Долгогодишниот генерален директор на Јувентус, Бепе Марота, в четврток официјално ќе го напушти клубот од Торино, а во јануари ќе започне да ја обавуваа оваа функција во Интер.

Еден од најзаслужните луѓе за доминацијата на Јувентус во италијанскиот фудбал, го напушта клубот по осум години, бидејќи му истекол договорот, а челниците не му понудиле да ја продолжи соработката.

Марота, откако стана јасно дека ќе замине од Јувентус, ја одбил понудата на стане претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Италијанските медиуми откриле дека Марота ги договорил сите детали со Интер и од почетокот на наредната година тој ќе биде задолжен за трансфер политиката во клубот, кој е еден од најголемите ривали на Јувентус.

Инаку, Марот во својата кариера, во периодот од 2010 до 2014 година бил генерален директор на Сампдорија.

Scroll to Top