Top Sport

Мекгрегор: Ако не сака Хабиб, ќе се борам со некој друг

Конор Мекгрегор најавил дека со многу самодоверба ќе се врати во октагонот и дека е подготвен да се бори со секого, доколку Хабиб Нурмагомедов не сака да му пружи реванш.

Ирецот признал дека заслужено бил поразен од Нурмагомедов и се заколнал дека ќе се врати посилен од било кога.

„Тоа беше одлична борба и задоволен сум што бев дел од неа. Ќе си ја вратам самодовербата на највисоко можно ниво. Ќе бидам подготвен. Доколку Хабиб не сака веднаш реванш, тогаш ќе се борам со следниот што чека во редот“, рекол Мекгрегор.

Хабиб Нурмагобедов ја одбрани титулата во УФЦ, во лесна категорија, откако Мекгрегор му го предаде мечот. За Ирецот тој меч беше прв по пауза од 693 дена. Неколку дена по борбата менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделзиз рекол дека нема да има реванш помеѓу двајцата борци.

Scroll to Top