Top Sport

Марсеј го чекаа ова девет години – славна победа над ПСЖ на „Паркот на принцовите“

Пари Сен-Жермен по поразот во финалето на Лигата на шампионите има ужасен старт на сезоната во француската Лига 1, откако го забележија вториот пораз во два меча, овојпат можеби најболниот – дома со 0:1 од најголемиот ривал Марсеј, кој чекаше дури девет години за ваква победа.

Без Килијан Мбапе и Мауро Икарди, но со повратникот Нејмар и со Анхел ди Марија во тимот, се веруваше дека тимот на Томас Тухел е огромен фаворит во дуелот со јужните ривали, но вечерта не се погоди на „Паркот на принцовите“.

Дека се работи за дерби стана веднаш јасно, кога Нејмар влезе во конфликт со Димитри Паје во 11-тата минута, кога двајцата имаа среќа што судијата им додели само по жолт картон. Во 31. минута, Паје доби слободен удар од огромна далечина, и совршено го најде Флоријан Тован, кој ја смести топката во мрежата на Серхио Рико.

Во 63. минута, Парижани сметаа дека дојдоа до водство преку Анхел ди Марија, но ВАР системот им го поништи голот поради офсајд, а само две минути подоцна ВАР системот поништи уште еден гол, овојпат за Марсеј преку Дарио Бенедето.

Мечот заврши на „непријателска нота“, откако пет фудбалери добија црвени картони по општата тепачка – Нејмар, Лајвин Курзава и Леандро Паредес за ПСЖ и Бенедето и Жордан Амави за Марсеј.

Scroll to Top