Марсеј му понудиле на Андре Вилаш-Боаш продолжување на договорот во обид да се реши „хроничната нестабилност“ во клубот по заминувањето на спортскиот директор и близок пријател на Португалецот, Андони Зубизарета.
Поранешниот тренер на Челси, Тотенхем и Порто, го замени Руди Гарсија на клупата на Олимпик на почетокот на сезоната 2019/20, и во скратената сезона тие завршија на второто место зад недостижните Пари Сен-Жермен. Тој потпиша двегодишен договор и сега му нудат уште две години продолжување до крајот на 2022/23.
„Последните 20 години Олимпик Марсеј беше клуб кој страдаше од хронична нестабилност. Се сменија 24 тренери во овој период и само тројца добиле договор од повеќе од четири години: Дидие Дешам, Руди Гарсија и денеска Андре Вилаш-Боаш. Тоа е поради нашата желба со стабилност да изградиме програма за успешен клуб. Исто така ги признаваме и техничките квалитети на Андре Вилаш-Боаш со кого сакаме да испишеме нова страница во историјата“, се вели во соопштението на клубот.
À la suite d’informations erronées concernant la prolongation de contrat proposée à André Villas-Boas, l’Olympique de Marseille souhaite rétablir la réalité des faits.
— Olympique de Marseille (@OM_Officiel) May 19, 2020