Top Sport

Марселино ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј

Францускиот прволигаш Олимпик Марсеј многу брзо ќе го објави својот нов тренер, а тоа е Марселино. Договорот на новиот тренер со клубот ќе биде на две години.

Шпанскиот стручњак на тренерската функција ќе го наследи Игор Тудор, кој го предводеше тимот до третото место во Лига 1, но потоа го напушти, најверојатно во потрага по нов предизвик. За Марселино тоа ќе биде негов прв потфат надвор од родната Шпанија, каде играше како фудбалер и работеше како тренер.

Има големо тренерско искуство во Ла Лига, а меѓу тимовите што ги водеше се Атлетик Билбао, Валенсија, Вилјареал и Севилја.

Последниот престој на поранешниот играч од средниот ред беше на „Сан Мамеш“, но заврши пред една година.

Шпанецот може да се пофали со два трофеи како тренер, Купот на Кралот со Валенсија во 2018/19 година и Суперкупот на Шпанија со Атлетик Билбао во сезоната 2020/21.

 

 

Scroll to Top