Бразилецот Марсело го освои 24. трофеј во дресот на Реал Мадрид и со тоа стана играч со најмногу освоени титули во дресот на „кралевите“, прескокнувајќи ја легендата на Пако Генто.
Иако пред неколку месеци шпанските медиуми објавија дека Марсело ќе се врати во својата земја, дури и го прецизираа името на новиот клуб – Флуминенсе, се чини дека Реал Mадрид има подобри планови за него. Тој ќе добие нова понуда да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
„Не знам што ќе се случи. Многу сум среќен што ја освоивме титулата и среќен што играм за најдобриот тим во светот. Штотуку ја надминав легендата на Мадрид, Пако Генто. Јас сум играчот со најмногу трофеи во историјата и клубот и тоа е нешто непроценливо. Останувам или не? Сакам да останам, тоа е јасно“, изјави Марсело.