Top Sport

Марсело во Олимпијакос

Нов играч на Олимпијакос стана Бразилецот Марсело, потврди грчкиот клуб. Познатиот лев бек на Реал Мадрид пред неколку месеци, како најтрофеен играч во историјата на „кралскиот клуб“ си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

Марсело како играч на Реал Мадрид освои 25 трофеи.

Тој има шест титули во шпанската лига, пет во Лигата на шампиони, четири Светски првенства на ФИФА, три Суперкупа на УЕФА, два Копа дел Реј и пет шпански Суперкупа.

„Вистинска фудбалска легенда му се приклучи на Олимпијакос. Марсело, добредојде во Пиреја“, објави Олимпијакос.

Марсело ги одби профитабилните понуди од тимови од далечниот Исток и САД, а Олимпијакос е трет клуб во неговата кариера, по Флуминенсе и Реал, каде помина 16 години.

 

Scroll to Top