Top Sport

Марсело: Во Реал ќе разберат, ова е најважниот трофеј во мојата кариера

На залезот на кариерата, Марсело, стана клупски првак на Јужна Америка со Флуминенсе.

Во големото финале неговиот Флуминенсе по продолженијата на Маракана ја совлада Бока Јуниорс со 2:1 (1:0) и за прв пат во историјата го освои Копа Либертадорес.

„Реал ќе разбере. Ова е мојата најважна титула, на клупско ниво. Реал е во моето срце, но тешко ми е да зборувам за Флуминенсе. Освоив многу важна титула со мојот омилен клуб, оној кој ми даде сè за да изградам кариера, со луѓе кои ме видоа како се развивам“, изјави Марсело, кој досега во кариерата има освоено 27 трофеи, вклучувајќи и пет купа во Лигата на шампионите и додаде:

„Нема ништо што носи поголемо задоволство. Тоа е бесценето. Имав долг кон овој клуб, работев напорно, имаше критики, но сега славиме“.

Scroll to Top