Top Sport

Клоп наредил да се чисти снегот само на половината каде што Ливерпул напаѓаше!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е обвинет дека наредил на вработените на стадионот „Енфилд“ за време на вчерашниот меч против Лестер да го исчистат снегот само на страната каде што Ливерпул ќе напаѓа.

На полувреме двата тима имаа 1:1, а играта беше под влијание на ниските температури и снегот, и како во многу вакви ситуации на полувреме работниците се обидоа да го исчистат снегот. Но, само на половина од теренот.

Оваа ситуација е иронична бидејќи токму навивачите на Ливерпул го обвинија Пеп Гвардиола дека наредил да не се коси тревата на „Етихад“ пред мечот меѓу двата клуба за да се сопрат напаѓачите на Ливерпул.

Сепак, „магијата“ на Клоп не успеа – мечот заврши 1:1, а Лестер имаше повеќе шанси во второто полувреме, со што „црвените“ не го искористија поразот на Сити од Њукасл. По мечот, Клоп изјави дека е многу тешко да се игра добар фудбал на снег и на лош терен, уште еден ваков изговор од Германецот.

Дали Сити оставија висока трева за да попречат на Ливерпул? Гвардиола вели: Глупости!

Сите изговори на Јирген Клоп

 

Scroll to Top