Top Sport

Марсијал го реши дербито на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем 1:0 (0:0) во дербито на десттото коло во Премиер лигата на Англија.

Дербито на „Олдр Трафорд“ не понуди ништо од убавината на фудбалот, двајцата менаџери влегоа во тактичко надмудрување, кое на крајот му припадна на Жозе Мурињо.

Португалецот ја запиша и шестата победа во меѓусебните дуели со Маурисио Покетино, со гол разлика 16:1.

Тотенхем одигра нешто подобро и покативно во првото полувреме, но му недостигаше Хари Кејн за да го зададе завршниот удар.

Јунајтед, во првиот дел, се мачаше во завршницата од нападите, а во средниот ред кај тимот на Мурињо недостигаше и креативност.

„Црвените ѓаволи“ одиграа поактивно во вториот дел, особено во 25 минути од ова полувреме, а мечот го решија во моментите кога Тотенхем повоторно ја презеде контролата врз натореварот.

Ромелу Лукаку ја имаше најдобрата шанса во 79.минута, кога по неговиот обид со глава сојузник на Љорис беше дирекот.

Само две минути подоцна Јунајтед во три потега го матираше Тотенхем, Де Хеа исфрли долга топка, Лукаку со глава ја проследи во средината, дефанзивниот двоец на Тотенхем заборави на Марсијал, а џокерот на Мурињо лесно го матираше Љорис.

Манчестер Јунајтед по ова коло ќе има 23 бода и сигурно ќе биде втор на табелата, прашање е колкава ќе биде разликата во однос на градскиот ривал Сити. Со натпревар помалку Манчестер Сити има 25 бода.

Scroll to Top