Top Sport

Мартин Одегард изненадувачка опција за Милан

Поранешниот талент на Реал Мадрид, Мартин Одегард стана изненадувачка опција за Милан ова лето, јавува италијанскиот „Тутоспорт“.

21-годишниот Норвежанец моментално е на едногодишна позајмица во Реал Сосиедад, каде што има седум гола и осум асистенции во 28 меча, а Мадрид има опција да го врати на крајот на сезоната на „Бернабеу“ или да го остави уште една сезона во Баскија.

„Оптимист сум дека Одегард ќе остане, но тој ќе треба да си направи сам одлука без притисок. Имаме целосна доверба во него“, изјави спортскиот директор на Сосиедад, Роберто Олабе.

Според „Тутоспорт“, Норвежанецот ќе биде тема на разговор кога Милан ќе преговара за српскиот напаѓач Лука Јовиќ за сезоната 2020/21, а бидејќи цената на Одегард е околу 40 милиони евра, „росонерите“ повеќе би преферирале опција за позајмица.

Добра вест за Милан е тоа што Одегард сака да се развива надвор од „Сантијаго Бернабеу“ додека нема место за него во тимот на Зинедин Зидан.

Scroll to Top