Top Sport

Роналдо во „војна“ со Тен Хаг – не му се допаѓа тактиката, но и тврдоглавоста

Работите не му одат на Кристијано Роналдо, откако уште нема постигнато гол оваа сезона, и според „Тајмс“ тој смета дека главен виновник за ова е новиот менаџер Ерик Тен Хаг, кој има „неприфатлива“ тактика и се покажува како нефлексибилен инсистирајќи на методите кои функционираа во Ајакс.

Изворите во тимот посочуват дека Роналдо е во „постојан конфликт“ со Тен Хаг и дека не е задоволен од квалитетот на тренинзите и смета дека со поинаква тактика и со квалитетот на новите засилувања ќе има многу подобри резултати.

Свој коментар даде и поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, а сега тренер на Ди Си јунјтед, Вејн Руни, кој побара од Кристијано Роналдо да остане трпелив и да ги бара своите шанси во тимот на „ѓаволите“ кога за тоа ќе има шанса.

Руни, кој играше со Роналдо во Јунајтед од 2004 до 2009 година, исто така вели дека знае како му е на поранешниот соиграч.

„Менаџерот очигледно сега го смени начинот на кој играат и засега се успешни. Кристијано… Тој и Меси се двајцата најгоеми фудбалери во историјата, но времето не стигнува сите. Не е истиот играч како на 22 ии 23 години и ова е многу тешко за него. Познавајќи го, знам колку му е тешко на клупата. Но, ако остане трпелив ќе добие шанса и ќе се врати во тимот“, вели Руни.

Scroll to Top