Top Sport

Мартинез ја „почести“ ногата со која ја освои титулата со прекрасна тетоважа

Аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез реши да го прослави освојувањето на светската титула со тетоважа на истото место на ногата со кое одбрани во последните минути од финалето против Франција, кога Коло Муани пропушти да ја донесе титулата на „триколорите“.

Мартинез, кој беше прогласен за најдобар голман на Мундијалот, а исто така доби и многу непријатели поради своето арогантно однесување, во 123. минута го блокираше ударот на Коло Муани, по што Аргентина на пенали ја доби Франција. 30-годишниот голман на Астон вила, потоа стана непријател број 1 во Франција, откако побара „минута тиѓина“ за Килијан Мбапе по финлето, а потоа на парадата во Буенос Аирес носеше маска од Французинот.

Одговорен за титулата е аргентинскиот тату-артист, Хуан Пабло Скунка, а покрај трофејот и трите ѕвездички за трите светски титули, има парола: „Que la pasión te lleve a la gloria“ (Нека страста те носи до славата).

Scroll to Top