Top Sport

Гакпо е подготвен за трансфер на „Олд Трафорд“

Најдобриот Холанѓанец на Мундијалот во Катар, Коди Гакпо се подготвува да го напушти ПСВ Ајндховен во зимскиот преоден рок. Според медиумите крилниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед.

„Минатото лето размислував за Манчестер јунајтед, но ништо не се случи. Не знаев што да правам. Лидс се појави со понуда, бев во дилема. Сега треба да почекам и ќе видиме”, изјави Гакпо.

ПСВ за Гакпо бара помеѓу 55 и 60 милиони евра.

Гакпо оваа сезона на 24 настапи за ПСВ постигна 13 гола и забележа 17 асистенции.

Scroll to Top