Top Sport

Алегри: Манчестер јунајтед е створен да победува

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги предупредил своите играчи дека на натпреварот со Манчестер јунајтед, закана нема да им биде само Пол Погба, кој прв пат ќе игра против „старата дама“ откако се врати во Англија.

„Важен натпревар, доколку победиме веќе ќе можеме да размислуваме за наредната фаза. Јунајтед е силен тим, ќе мора да одиграме добро, технички и тактички“, рекол стратегот на Јувентус и дополнил.

„ Го имаат Погба, но ги имаат и Рашфорд и Марсијал. Од друга страна и ние имаме млади надежи, Дибала и Бентакур…Тие се иднината на светскиот фудбал“.

Јувентус има две победи по првите две кола, додека Јувентус има четири, откако како домаќин не успеа да ја победи Валенсија.

„Манчестер јунајтед е тим направен за да победува. Жозе Мурињо е искусен тренер, ние мора да одиграме добар меч“, рекол Алегри.

Манчестер јунајтед и Јувентус ќе се сретнат вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top