Top Sport

Мартинез нема коментар за ситуацијата во Барселона

Роналд Куман е глава тема во каталонските медиуми. Според нив прашање на денот е кога ќе добие отказ. Нормално е дека наголемо шпекулираат и со имињата на тренерите кои би можеле да го наследат.

Прв на нивната листа е Роберто Мартинез. Актуелниот селектор на Белгија, одбил да ги коментира овие шпекулации.

„Секогаш ќе има шпекулации. Кога ќе изгубите три натпревари во низа, сите зборуваат дека ќе добиете отказ. Шпекулации има и го работите одат добро. Тоа е нормално во фудбалот. Во овој момент немам коментар на таа тема“, рекол Мартинез.

Scroll to Top