Новиот португалски селектор, Роберто Мартинез го пофали Кристијано Роналдо за неговиот „совршен однос“ кон националниот тим во неговиот 199. меч за Португалија. Легендарниот Роналдо дојде на само еден меч од јубилејниот 200. настап по 3:0 победата над Босна и Херцеговина, и иако не се запиша во листата на стрелците, тој остави добар впечаток на селекторот.
„Се работи за уникатен играч со 199 настапи. Неговото однесување беше совршено, со топката, без неа, следејќи го планот на тимот. Многу сум задоволен. Вистински пример за фудбалер кој секогаш го сака најдоброто за својот тим“, вели Мартинез.
Роналдо, кој дебитираше за Португалија во пријателски меч против Казахстан во август 2003, ќе стане првиот фудбалер на светот со 200 настапи за една репрезентација ако заигра на следниот меч против Исланд.