Top Sport

Мартинез: Понекогаш сакам да убијам на теренот

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез, го оправдува прекарот „касап“ и во англискиот фудбал, и признава дека понекогаш има желба за убиство на фудбалскиот терен, но дека ја контролира својата агресија. 25-годишниот Аргентинец ја „препороди“ одбраната на „ѓаволите“ и веднаш стана миленик на фановите.

„Да, да тешко е да ја контролираш агресијата, понекогаш многу тешко. Понекогаш сакам да убијам на теренот, но мора да се контролираш. Мислам дека тоа е дел од нашата аргентинска култура, ние сме страствени за фудбалот. Фудбалот е се за нас. Се сеќавам дека кога бев многу мал, секогаш почнував тепачка, така што тоа ми е во крвта и срцето. Но, морам да се контролирам, бидејќи во спротивност ќе добивам црвен картон на секој меч“, вели Мартинез во интервју за „Телеграф“

Scroll to Top