Top Sport

Мејведер дебитираше во Британија во речиси празна „О2 Арена“

Флојд Мејведер Јуниор продолжува со своите егзибициски мечеви, но овојпат не успеа да привлече голема публика, откако во својот прв меч во Велика Британија не беше прогласен победник по мечот од осум рунди против ѕвездата од реалните ТВ шоуа, Арон Чалмерс.

46-годишниот Мејведер, кој многумина го сметаат меѓу великаните во светот на боксот по совршената 50-0 кариера во перо и лесна категорија, не успеа да ги привлече британските фанови, по шпекулациите дека мечот ќе биде откажан поради слабата продажба на билети во „О2 Арената“, за на крајот, мечот да биде продолжен на осум, наместо на шест рунди.

Scroll to Top