Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа петтата победа во исто толку натпревари од почетокот на сезоната во Премиер лигата. Во првиот меч од саботната програма „црвените“ со пресврт го победија Њукасл 3-1.
Иако мечот лошо започна за играчите на Јирген Клоп, Њукасл постигнаа гол преку Џетро Вилемс во седмата минута, тие до крајот на полувремето направија пресврт.
Садио Мане во 28 минута најпрвин го израмни резултатот, а 12 минути подоцна погоди за водство на својот тим.
Конечниот резултат го постави Мохамед Салах во 72 минута. Египѓанецот имаше можност во финишот да постигне уште еден гол, меѓутоа Мартин Дубравка со добра интервенција ја спаси својата мрежа.