Аргентинскиот фудбалер, Хавиер Маскерано, во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти Хебеи и да се врати во Ривер Плата, објави „Мундо депортиво“.
Маскерано (34), во Кина се пресели на почетокот на годината, кога ја напушти Барелона и потпиша две годишен договор со Хебеи.
Искусниот фудбалер веќе се договорил со спортскиот директор на Ривер Плата, Енцо Франческоли и за да се врати во тимот каде што во 2003 година ја започна сениорската кариера, треба само да го раскине договорот со Хебеи.
Тука Маскерано не би требало да има никаков проблем, бидејќи во договорот постоела клаузула според која тој на сопствена иницијатива може да ја прекине соработката со клубот.
Покрај во Ривер Плата и Барселона, Маскерона во кариерата бил играч и на Коринтијанс, Вест Хем и Ливерпул.