Top Sport

Мат во два потези – Сампдорија со супер-гол до победа над Фиорентина

Сампдорија ја забележа својата прва победа во новата сезона во Серија А, откако тимот на Карло Раниери стигна до импресивен 2:1 триумф на „Артемио Франки“ против Фиорентина.

Самп стигнаа до водство во 42. минута со гол од пенал на ветеранот Фабио Кваљарела, но Душан Влаховиќ во 76. минута успеа да израмни за Виола. Во 76. минута на гостите им беше поништен голот на Торсби поради играње со рака, за во 82. минута конечно да ги обезбедат трите поени со голот на Валерио Вере со прекрасен гол во два потези по асистенцијата на голманот Аудеро.

За Фиорентина, клубот со големи амбиции оваа сезона, ова е втор незгоден пораз во една недела, откако загубија од Интер со 4:3 иако водеа до 87. минута од мечот.

Scroll to Top