Top Sport

Металург остана без Халил Јагањац! Хрватот потпиша за Нексе

Металург загуби еден од своите најдобри ракометари, откако младиот хрватски репрезентативец Халил Јагањац се врати во својата татковина и потпиша договор со вице-шампионот на оваа земја, Нексе, јавуваат повеќе извори и медиуми.

Јагањац беше еден од најдобрите ракометари на клубот од Автокоманда и секогаш меѓу најефикасните во натпреварите од СЕХА лигата и од Лигата на шампионите, но сега, Металург ќе мора да се снаоѓа и без него. Сумата за трансфер, неофицијално, е 120.000 евра.

Еден вид замена ќе биде 25-годишниот Словенец Александар Шпенде, кој потпиша договор со клубот до крајот на сезоната и е поранешен ракометар на Порто. Металург има слаб старт на сезоната и е без победа во ЛШ и во СЕХА лигата.

Scroll to Top