Ливерпул ја предводи табелата во Премиер лигата. „Црвените“ имаат еден бод повеќе од Манчестер сити, но според стручњаците од „Спортинг индекс“, тимот на Јирген Клоп сепак нема да ја освои титулата, туку истата ќе остане кај „граѓаните“ од Манчестер.
Порталот „Спортинг индекс“ се занимава со математичко предвидување на резултатите. Според овој извор, Манчестер сити ќе ја освои шампионската титула со 97 бода, односно ќе има пет бода повеќе од Ливерпул, во шампионската трка.
Во Лигата на шампионите, покрај Сити и Ливерпул, ќе изборат Тотенхем и Челси. Овие два тима ќе освојат по 79 бода.
Зад нив ќе се пласираат Арсенал (73) и Манчестер Јунајтед (69).
По завршувањето на сезоната од Премиер лигата во Чемпионшип ќе се преселат Барнли, Фулам и Кардиф.