Top Sport

Матераци: Син ми навива за Милан, каква срамота!

Малкумина  играа со повеќе страст и посветеност во миланското дерби за Интер од Марко Матераци, но поранешниот дефанзивец на „нероаѕурите“ признава дека неговиот син Давиде е навивач на Милан!

„Мојот син секогаш сакал да оди контра. Еднаш го претера. Еден ден пред дербито, имав состанок во тренинг-центарот во Пинетина и тој беше со мене. Кога требаше да тргнеме тој се појави со дрес на Милан со презимето Матераци на грбот. Тоа беше подарок од Масимо Амброзини. Го молев да не оди така со мене, но имаше шест и пол години и нормално дека го пуштив. Три часа шетавме низ Милано со таков дрес, еден ден пред дербито. Тоа беше кошмар. Јас не сум човек што лесно се посрамотува, но тоа беше лошо. ’Матераци полудел’, ги слушав коментарите… Миланистите ми се смееја“, открива Матераци во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top