Top Sport

Матеус: Ноер не треба да биде капитен на Баерн

Мануел Ноер неславно може да ја заврши кариерата во Баерн. Пред нешто повеќе од еден месец тој на скијање ја скрши ногата, поради што ја заврши сезоната,а минатат недела го критикуваше клубот, поради отказот што го доби тренерот на голманите и негов голем пријател, Тони Топаловиќ.

Легендата на Баерн, Лотар Матеус е последниот човек поврзан со клубот кој јавно го нападна Мануел Ноер поради контроверзното интервју што го даде пред неколку дена.

Еден од најголемите асови на светскиот фудбал, смета дека Баерн треба да му ја одземе капитенската лента.

Германскиот голман во последните денови беше жестоко критикуван од челниците на клубот Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.

Ноер, ја нарече „луда“ одлуката на клупските челници кои неодамна му врачија отказ на долгогодишниот тренер на голманите, Тони Топаловиќ.

„Прво скијаше лежерно, а сега дава интервју во кое жестоко го напаѓа клубот. Нели пред неколку недели рече дека никој не е над клубот“, рече Матеус, кој смета дека, Ноер му нанел „голема штета“ на клубот и поради тоа не ја исклучува можноста, Баерн да се ослободи од Ноер „можеби дури и засекогаш“.

„Она што најмногу ме загрижува за интервјуто на Мануел е што очигледно не размислувал кога ги бирал зборовите“, заклучил Матеус.

Scroll to Top