Top Sport

Обвинение против Манчестер сити, можно е одземање на бодови

Манчестер сити, актуелниот англиски шампион, во минатото, работел спротвни на правилата. Како што објави Премиер лигата на својата веб-страница, Манчестер сити ги прекршил финансиските прописи, покажала истрагата на независната финансиска комисија.

Клубот се товари за финансиски прекршоци од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18.

Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите на Премиер лигата.

Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелните шампиони оваа сезона би можеле да им бидат одземени неколку бодови, што автоматски би ги исфрлило од трката за титулата.

Манчестер сити веќе имаше забрана во 2020 година кога не можеше да донесе играчи две години, но арбитражната комисија ја поништи оваа одлука. Тогаш проблематично беше финансиското работење во периодот 2012-2016 година.

Scroll to Top