Top Sport

Матеус: Санчо направи грешка можеби има повеќе пари, но игра помалку натпревари“

Лотар Матеус, легендата на Баерн и германскиот фудбал, смета дека Џејдон Санчо направи голема грешка, кога решил да се врати во Англија. Младиот фудбалер, во летниот преоден рок од Борусија Дортмунд се пресели во Манчестер јунајтед.

Играчот за кого „црвените ѓаволи“, ка Оле Гунар Солскјер е закован на клупата за резерви. Бидејќи не игра во Јунајтед, Санчо, не доби повик од селекторот на Англија за квалификациските натпревари со Албанија и Сан Марино.

„Погледнете ги само играчите на Јунајтед. Рашфорд и Роналдо, се двајца од тројцата напаѓачи. Потоа имате уште шестмина кои конкурираат за тоа едно место во нападот, еден од нив е Санчо. Треба да биде многу силен за да влезе во првите 11. Во овој момент е далеку од тоа“, рекол Матеус.

„Кога ќе погледнам колку минути играл оваа сезона и на кои натпревари играч, сметам дека направи грешка што го напушти Дортмунд. Можеби има повеќе пари, но игра помалку натпревари“.

Санчо во Дортмунд, за четири сезони, на 137 натпревари постигна 50 голови. Два пати се најде во идеалниот тим на Бундес лигата.

Scroll to Top